12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Вицепремиерот Анѓушев ги покани шведските компании да инвестираат во Македонија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Н.Е. Матс Арне Стафансон, на која ги презентираше мерките од Планот за економски раст и потенцираше дека со мерките Владата овозможува поддршка подеднакво за странски и домашни компании, притоа ги покани шведските компании да инвестираат во Македонија.
„Охрабрувачки е што симулациите кои се направени покажуваат дека со новата економска програма ќе им биде обезбедена уште подобра поддршка на странските компании кои ќе инвестираат во Република Македонија, а притоа директно ќе се влијае на создавање  одржлив и побрз економски раст на македонската економија“, истакна Анѓушев.
Двајцата се согласија дека мерките се значајни за поттик на економијата, како и за тоа дека за економски раст потребно е да биде обезбедно владеење на правото и стабилна политичка состојба.
Спонзорирано: