20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Објавена снимка од апсењето на возачот што се заби во група пешаци во Мелбурн

По нападот во кој возило влета во група пешаци во центарот на Мелбурн, се појави снимка од апсење на човек осомничен дека е одговорен за нападот.

На видеото се гледа дека двајца полицајци држат брадест човек со бела маица соборен на земја, со рацете зад грбот.

Човекот ги држи очите затворени и не реагира, додека еден од полицајците не почне да го удира по лицето. Го удри двапати пред осомничениот да ги отвори очите.Повеќе од десет пешаци, вклучувајќи и едно дете, беа повредени кога теренско возило „сузуки“ влета во толпа луѓе што минувале преку улица.

Инцидентот се случил на крстосницата меѓу улиците Елизабет и Флиндерс околу 16:41 часот по локално време.

Најмалку 13 лица биле префрлени во болница во тешка состојба, вклучително и дете од предучилишна возраст, кое имало сериозни повреди на главата.
Во врска со нападот засега се уапсени двајца мажи на кои им бил одреден полициски притвор.
Спонзорирано: