22.8 C
Скопје
25. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

(Видео) Костовски: Условите во кои се држат притворените се како во нацистички логор

Условите во кој што се сместени притворените за настаните од 27 – ми април во Истражниот затвор Шутка се како во нацистички логор, обвини Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Хунтата се изживува со притворените патриоти. Додека затворската управа има греење и услови за работа, притворените во сред декември се сместени во ќелии со расипани прозори кои не се затвораат, а греење има само двапати во денот во времетраење од 1 час. Мувлата и влагата се редовен декор во секоја една ќелија во која се сместени патриотите. Луѓето наместо да можат да ја спремаат својата одбрана, тие се фокусирани како да издржат и преживеат во нацистичкиот затвор на хунтата“, рече Костовски.

Тој вели дека помеѓу притворените има и болни луѓе кои секојдневно мора да примаат соодветна медицинска терапија, луѓе кои што треба да живеат и престојуваат во нормални услови, зошто се друго за нив е загрозувачко.

„Да изложите такви луѓе на такви нехумани услови е акт на тортура, каква што имало само во нацистичките логори на смртта“, рече Костовски и додаде дека затворската полиција дејствува како партиска полиција на хунтата.