20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Јанева: Го повлековме барањето за „Талир“ за да не влијаеме на политичката состојба

Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на палатата на ВМРО-ДПМНЕ за да не влијае на политичката состојба, рече специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Мислвме дека треба да одлучиме на друг начин за предметот ‘Талир’ бидејќи не сакаме да влијаеме на политичката состојба. Тоа барање можеме во секое време да го поднесеме во Основниот суд, тоа беше процесно барање и не беше облигаторно“, рече Јанева.

Таа додаде дека во овој момент истрагата за „Талир“ напредува и дека во следните 3,4 месеци се очекува да има епилог.

Минатата недела со поднесок до Врховниот суд, СЈО го повлекло барањето за заштита на законитоста, со кое бараа од Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кое беше одбиено барањето на СЈО за обезбедување дел од имотот на политичката партија, било незаконито.

Одлуката на Врховниот суд, со која се отфрла ова барање, е објавена на интернет-страницата на судот. Таа е донесена два дена откако СЈО го испратило своето откажување од палатата на ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот „Талир“ се однесува на сомнение за перење пари и незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Според СЈО, првоосомничениот Никола Груевски ја злоупотребил својата службена положба со тоа што прифатил незаконски пари и формирал група која се занимава со перење пари, кои потоа ги уплаќале на сметка на партијата.

Спонзорирано: