Илија Димовски, кој е еден од предлагачите за одложување на конгресот, вечерва учествува на седницата на централниот комитет на вмро-дпмне, вели дека останува во партијата иако неговото барање за одложување на конгресот не беше прифатено од извршниот комитет на партијата.
„Секогаш може да има различни мислења во партијата. Тоа мора да го научиме. Јас останувам во ВМРО-ДПМНЕ“ рече Димовски.
Во однос на тоа што само Мицкоски е единствен кандидат, Димовски вели дека тоа не е позитивно за партијата, но не откри дали ова го доведува во прашање неговото учество на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ закажан за викендов.