13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

В недела на Водно ќе се собираат бадникови гранчиња

В недела напладне во месноста Краста одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2018 соопштувајќи на тој начин дека сè е подготвено за централната прослава на 6 јануари на платото пред Соборниот храм. Кумот и здравичарот на Бадник 2018, Влатко Огненовски – Шеф и Стефан Хаџи Николов – Штеф, први симболично ќе пресечат гранче даб, симбол на среќата и радоста, во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.
Месноста Краста се наоѓа на јужните падини на Водно на патот кон хидрцентралата „Козјак“. Тука скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња што на 6 јануари со години им ги делат на скопјани на свеченоста на платото пред Соборниот храм, „Свети Климент Охридски“, во пресрет на Божик – најсветлиот христијански празник.
Поканети се сите што сакаат да побегнат од маглата и загадениот воздух, што се желни за дружба и пријатна атмосфера, за музика и веселба, да дојдат на ова место, да бидат во друштво со членовите на одборот, поранешни кумови и здравичари, претставници на локалните власти, на Градот и на општините Центар и Сопиште, поддржувачи и спонзори и естрадни уметници.
Сè е подготвено за централната манифестација што ќе се одржи на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде што новиот кум ќе го прими бадникарскиот ќуп од кумот за 2017 година – Радко Манов. Заминувањето на пајтоните со кумовите и здравичарите ќе биде врв на уште една прослава во пресрет на Бадник – 26-та манифестација, што стана белег на Скопје во празничните денови.
Спонзорирано: