Колумбиската актерка Адриана Кампос и нејзиниот сопруг Карлос Ринкон загинаа вчера во сообраќајна несреќа.
Убавата актерка која во нашата јавност е позната по многу теленовели загина вчера заедно со својот сопруг, кога автомобилот во кој бил познатиот пар влетал во реката Каука, откако изгубиле контрола над него.
Триесетгодишната актерка и нејзиниот сопруг биле родители на едногодишно дете.
Адриана Кампос повеќепати била номинирана за TV Novelas награди.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...