3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ќе ја истражуваат воената соработка меѓу Западен Балкан и Русија

Американското министерство за одбрана во текот на следната година ќе соработува со Стејт департментот за да изведат подетална оценка за соработката на сите земји од Западен Балкан со САД и Руската Федерација.
Врз основа на проценката за соработката во секторот одбрана, ќе биде изготевен извештај, кој ќе биде доставен до релевантните комисии на американското законодавно тело.
Според федералниот закон, кој стапи на сила минатата недела, извештајот ќе содржи детални информации за воената соработка на Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Македонија со Русија.
„Извештајот мора да содржи проценка на безбедносната соработка на сите земји од Западен Балкан со Русија и тоа листи на оружје, одбранбени системи и воена технологија во вредност од милион долари или повеќе кои ги добила или купила било која од земјите на Западен Балкан од 2012 година наваму. Во извештајот ќе биде вкучен и опис на учеството на вооружените сили во обуки и вежби со Русија во истиот период, како и опис на договори за соработка кои земјите од регионот ги потпишале со Русија“, се наведува во законот.
Покрај тоа, Конгресот на САД ќе треба да биде запознаен со детали за „разузнавачката соработка меѓу земјите од Западен Балкан со Русија”, како и последиците од таквата соработка врз интересите на САД и на НАТО, земјите од регионот, но и земјите кои се граничат со Западен Балкан.
Исто така, такви оценки и информации ќе се бараат во однос на соработка со САД, како и опис на учеството и активностите на четирите земји во програмите на НАТО, особено во „Партнерство за мир“. Според информациите, во документот опширно се зборува за реакциите на „заканите од Руската Федерација“.
Инаку, документот кој американското Министерство за одбрана и Стејт департментот ќе го достават до Конгресот генерално ќе биде јавен, но можеби ќе има и одредени делови што нема да бидат достапни за јавноста.