Папата Франциск во неговото предбожиќно обраќање порача дека луѓето кои ѝ служат на ватиканската администрација мораат да бидат лојални на папата и да избегнуваат заговори.
„Реформирањето на Рим е како чистење на египетските свинги со четка за заби“ им порача Папата на кардиналите, епископите и свештениците кои работат за него.
„Потребна ви е трпеливост, посветеност и деликатес“, додаде тој.
Папата призна дека имало и компетентни, лојални, па дури и световни луѓе кои работат во Светиот Престол. Но, другите што имаат задача да помогнат да се реформираат неефикасната и застарена бирократија на Ватикан, како што нагласи, покажале дека не се во согласност со задачата.
Папата се соочува со силен отпор на своите административни и пасторални реформи, а претходните годишни говори ги користеше за осуда на корупцијата и злоупотребата внатре во ватиканските ѕидови.