9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На патот Кичево – Охрид сообраќајот се одвива со девијации

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат денеска од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму соопштуваат дека времена измена на сообраќај со девијации, односно преминување од една коловозна лента во друга, е воведена денеска на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан). За ваквата измена е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.