13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Милион луѓе заразени со колера во Јемен, немаат храна и вода

Бројот на луѓе заболени со колера во Јемен достигна милион, а дури 80 проценти од жителите немаат храна, чиста вода, гориво и пристап до здравствените установи во земјата. Ова го соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Јемен е една од најсиромашните арапски земји, вклучена во војна помеѓу бунтовничките Хути и коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Обединетите нации соопштија неодамна дека Јемен се наоѓа во најголемата хуманитарна криза на светот.
Спонзорирано: