9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов до Чаушоглу: Ја цениме долгогодишната и принципиелна поддршка од Турција за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го прими потпретседателот на Владата на Република Турција, Хакан Чавушоглу. На средбата беше потенцирано традиционалното пријателство и партнерство, како и исклучителната динамика на активности во сферите од заеднички интерес.
Беа разменети мислења и информации за внатрешните политички прашања на двете земји, за состојбите во регионот, како и за прашањата од надворешно-политички интерес за Република Македонија и Република Турција.
Во однос на стратешките цели и приоритети, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија ја цени долгогодишната и принципиелна поддршка од Република Турција за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, и укажа дека деблокадата на интегративните процеси ќе се одрази на стабилноста и просперитетот на целиот регион.
Потпретседателот на турската Влада, Чавушоглу, истакна дека Република Турција и понатаму ќе биде доследна на поддршката на европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија.
Во контекст на пошироките предизвици со кои се соочува регионот и Европа, македонскиот претседател и потпретстедателот Чавушоглу се согласија за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Република Македонија и Република Турција. Во таа насока, претседателот Иванов посочи на потребата од размена на информации меѓу полициските служби и службите за разузнавање, преземање  заеднички акции, како и изнаоѓање  ефективни средства и методи за превенција и борба против ширење насилен екстремизам и тероризам.
Двајцата соговорници ја поздравија економската соработка, со очекување за нејзино натамошно интензивирање. Претседателот Иванов изрази благодарност до турските институции, пред сè до ТИКА, за голем број реализирани проекти во Македонија од хуманитарен карактер и за нивната континуирана поддршка преку донации.
На средбата беа разменети и мислења околу можностите за продлабочување на соработката во сферата на туризмот и образованието, при што беше поздравено финализирањето на правните процедури за целосно спроведување на Спогодбата за активностите на културните центри во двете земји.
Спонзорирано: