12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Филмскиот фестивал „Џифони“ патува во Тетово

На 22 и 23 декември во Тетово ќе се одржи „Џифони Македонија патува“ како патувачки дел од фестивалот во помалите градови од Македонија.
Настанот ќе се одржува во средното училиште ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово каде што учениците од средните училишта во Тетово ќе гледаат играни филмови и ќе учествуваат во креативни работилници.
Во текот на два дена преку богата програма и активности тимот на „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.
Со цел приближување на брендот „Џифони’’ кон младите во Тетово, ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Џифони експириенс“ од Италија и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.
Фестивалската програма се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони експириенс„ од Италија, во соработка со Општина Тетово и  Амбасадата на Италија во Скопје.
Спонзорирано: