15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери-Меси: Да се работи на инфраструктурната поврзаност меѓу Македонија и Албанија

Треба забрзано да се работи на инфраструктурната и енергетската поврзаност на двете земји бидејќи со тоа ќе се олесни и унапреди економската соработка. Ваков е заклучокот од средбата што ја оствариле претседателот на Собранието, Талат Џафери, и вицепремиерката на Албанија, Сенида Меси.
Џафери на средбата истакнал дека Собранието на Република Македонија ќе ги поддржи сите иницијативи кои се во насока на продлабочување на соработката на двете пријателски земји и го поздравил неодамнешното одржување на заедничката седница на двете Влади.
Вицепремиерката Меси ги пренела пораките за безрезервната поддршка во однос на полноправното членство на Република Македонија во НАТО и изразила надеж дека набрзо ќе биде отстранета и последната пречка што стои на патот за влез.
Спонзорирано: