14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Русин умрел од алкохол, се пробудил во мртовечница, па се вратил на забава повторно да пие!

Еден Русин се пробудил во мртовечница откако бил прогласен мртов, како што пренесоа локалните медиуми. Тој пред овој инцидент бил со пријателите на забава со големи количини алкохол. Сепак, она што е уште поинтересно, тој после „чудесното будење“ се вратил на забава!
Мажот се онесвестил откако испил премногу алкохол, па по грешка бил прогласен за мртов. Овој случај на истокот од Русија е пријавен во средата, а не е сосема јасно кога точно се случил.
Неговите пријатели повикале итна помош, а медицинскиот персонал го прогласил за мртов пред да го одведе во мртовечница. Сепак, човекот на крајот се „вратил во живот“, додека бил во мртовечница.
Човекот во еден момент се пробудил не успевајќи да сфати каде се наоѓа. Свеста му била поматена поради алкохолот, но во мракот почувствувал студ, па во страв побрзал кон вратата која била заклучена.
Почнал да вреска за помош и да тропа на вратата. Кога го слушнале стражарите, го пријавиле случајот кај лекарите, а тие го проследиле во полиција. Кога полицајците ја отвориле вратата, „човекот кој воскреснал“ излетал во паника од собата. Го испитале, а потоа го пуштиле, пренесе rt.com.
Кога се вратил на забава, неговите пријатели се уште пиеле, но сега „во негова слава“. Лицето кое ја отворило вратата се онесвестило од шок. Жалењето набрзо се претворило во журка за „повторното раѓање“.
Спонзорирано: