18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лекарите вршеле 45-минутна реанимација, но безуспешно – почина застреланиот 24-годишник во Чаир

Момчето во кое беше пукано во Чаир им подлегнало на повредите, информираше директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Илир Хасани.

Тој додаде дека лекарите вршеле 45-минутна реанимација на Б.И (24), но безуспешно.

Од МВР информираа дека денеска околу 17.40 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје од возило во движење било пукано во лицето Б.И. (24).

Полициски службеници се на лице место и преземаат мерки и активности за расчистување на случајот./Извор: Мета.мк

Спонзорирано: