12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Колективно претседателство наместо Груевски- се чека одлука на Извршниот комитет

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ треба да одлучи дали ќе го одложи закажаниот конгрес на партијата за избор на нов лидер, откако триесет високи партиски функционери јавно побараа одложување за февруари, поради како што наведуваат нелегитимен и нетранспарентен процес за избор на претседател. Дел од потпишаните функционери кои се членови на Извршниот комитет, очекуваат нивните барања да бидат разгледани денес и утре на веќе закажаните седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Борис Змејковски, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Трајко Вељановски, Марта Арсовска-Томовска, Илчо Захариев, Никола Бакрачески, Крсто Јовановски, се дел од потписниците кои во отворено писмо испорачаа повеќе барања до органите на партијата, меѓу кои да се зголеми бројот на делегати од 500 на 5000 како и да се назначи колективно претседателство од 3 до 5 члена, кои ќе ја раководат партијата до одржување на конгресот. Целта е како што наведуваат да се отстрани сомнежот дека предлогот е со цел одолжување на промените во ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време да се отстрани можноста од користење на партијата како поддршка на еден кандидат.

Тие обвинија и дека се фаворизира само еден кандидат за кој се трошат партиски ресурси, но и дека се вршеле притисоци и закани врз делегатите од страна на партиски членови на раководни функции.

Спонзорирано: