12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Изгубил 75% од видот поради оваа играчка која многумина од вас ја купуваат за своите деца!

Еден тинејџер од Тасманија изгубил 75 отсто од видот играјќи си баш со оваа направа. Очните лекари ширум светот ги предупредуваат родителите дека постои опасност кога ласерскиот покажувач ќе се насочи кон очите.

Ласерските покажувачи не се играчки.

Откако еден 14-годишник си играл со таканаречен „ласер“, трајно го оштетил видот.

Детето отишло кај очниот лекар Бен Армитаж кој рекол дека момчето го насочило ласерот кон очите и така изгубило 75 отсто од видот на двете очи.

Задните делови од неговите очи имале ласерски изгореници.

Иако момчето не почувствувало болка за време на инцидентот, неговиот вид е оштетен истиот момент.

Очниот доктор Армитаж објаснил дека најоштетени се централните делови на очите, и дека тоа не може да се исправи ниту со наочари.

Истражувањето на Центарот за радиолошко здравје на американската Администрација за храна и лекови покажало дека ласерските покажувачи со јачина од 5mW можат да го оштетат окото, додека од оние кои имаат јачина помеѓу 3 и 5 mW нема пријавени случаи на повреди.

Спонзорирано: