Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Германија ѝ додели 9 милиони евра неповратни средства на Македонија

Амбасадорот на Германија, Томас Герберих, и министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска потпишаа спогодба меѓу владите на двете земји за финансиска соработка.

Спогодбата опфаќа реализација на два клучни проекта: „Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар – фаза 2“ и „Програма за водовод и канализација – фаза 2“, чии договори за финансирање исто така беа потпишани денеска од страна на корисниците на грант-средствата кои воедно се имплементатори на двете значајни програми.

„Најсилна потврда дека успешната соработка помеѓу нашите земји продолжува и во следниот период е денешниот настан каде што германската влада преку банката КФВ доделува 9 милиони евра неповратни финансиски средства за реализација на две значајни развојни програми за Република Македонија. Тоа се програмата за водовод и канализација и програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, истакна министерот Тевдовски.

Амбасадорот Герберих истакна дека водечка идеја на германската политика кон Република Македонија е поддршката на евро-атлантската интеграција на земјата, како и поддршката на потребните реформи на ова поле.

„Во оваа смисла Германија не е само најзначајниот трговски партнер на Македонија со годишна билатерална трговска размена од речиси 3 милијарди евра, која постојано расте. Македонија е исто така и партнер на развојната соработка. Досега Германија стави на располагање 320 милиони евра за Македонија, главно за инвестиции во јавната инфраструктура, како санација и проширување на системите за водоснабдување и канализација, како и модернизација на земјоделските системи за наводнување“, истакна Герберих.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе