20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира пред затворот во Шуто Оризари

Македонија е заробена држава благодарение на хунтата и единствена држава во демократска Европа каде во 21 век сè уште се апсат луѓе поради изразени политички ставови. Македонија е единствена држава која се стреми да се интегрира во евро-атланскте институции со политички затвореници во своите затвори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судот без никаква причина во притвор смести уметници, актери, режисери, лекари, пратеници, полицајци и вистински професионалци во својата дејност луѓе, кои ја бранеле честа и боите на Македонија во полето каде се најуспешни. Овие луѓе се во притвор само поради различните политички ставови со еден човек, Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партиското судство, велат од таму, без никакви аргументи по налог на хунтата монтираат случаи за тероризам против родуљуби и патриоти, луѓе кои дале незамислив придонес за македонското општество.
„ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС, итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“, велат од партијата.
Од таму најавија дека и денеска ќе протестираат во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.
Спонзорирано: