5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопје во црно – во страшна сообраќајка загина едно лице

На булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје синоќа по полноќ, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, загина човек во сообраќајна незгода. З.В.(51) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош кај возачот З.В. констатирана е смрт, а додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците М.К.(17) и К.К.(24) двајцата од Скопје, кои се пренесени во Ургентен центар Скопје и се задржани на КАРИЛ. Извршен е увид на местото на настанот.
Спонзорирано: