Неименувани полицајци од украинскиот град Одеса наскоро би можеле да останат без работа бидејќи, наместо да спречат, пред неколку дена учествувале во нелегална улична трка.
Каде им била паметта подобро да премолчиме, но на надредените не им било тешко да го утврдат нивниот идентитет бидејќи на социјалните мрежи се појавиле снимки и фотографии.
Полицајците во меѓувреме се суспендирани, а ако од Киев стигнат „црвени картони“, полицајците ќе добијат отказни решенија.