5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Нема промени во оданочувањето на дознаките со измените во Законот за брз трансфер на парите

Со предложените измени на Законот за вршењето услуги брз трансфер на парите се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција, велат од Министерството за финансии.
Поточно, појаснува МФ, со овие измени се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од нивното потекло, како и зајакнување на борбата против даночното затајување.
„Притоа предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките. Поточно, и понатаму ќе се применува постојното законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, а дел од другите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како, на пример, приливи по основ на извршена услуга“, велат од Министерството.
Спонзорирано: