22.8 C
Скопје
5. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Најмалку 27 лица загинаа во тропска бура на Филипините

Најмалку 27 лица загинаа, а 24 се сметаат за исчезнати по тропската бура, која ги зафати Филипините и предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Лошите временски услови предизвикаа сериозна штета на инфраструктурата на островот. Две училишни згради беа уништени во еден од градовите на островот, а некои населби останаа изолирани откако бурата уништи неколку мостови.
Повеќе од 11.000 луѓе се блокирани на аеродромот поради лошото време. Се очекува шефот на државата да ги посети најтешко погодените области.