14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Најчистата земја на светот во која има бесплатна Кока-Кола, а мастиките се забранети

Сингапур поради стратешката положба го нарекуваат Гибралтар на Азија, а зборот „Сингапур“ значи Лавовски Град.

Во богатата земја владеат некои прилично чудни и бизарни правила, а еве дел од нив:

1. Светската тоалетна организација (да, тоа постои) основана е во Сингапур. И да, со оглед на тоа што Сингапурците многу внимаваат на чистотата, доколку при излегување од ве-це не пуштите вода можете да бидете казнети со 500 долари!

2. Граѓаните на Сингапур можат да гласаат на британските избори. Да, земјата е членка на Commonwealth и со тоа нејзините граѓани го остваруваат тоа право.

3. Државата се простира на вкупно 63 острови, но не би препорачале прошетки, бидејќи многу од нив се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.

4. Пиење пијалок среде небо е можно во Сингапур, бидејќи на врвот на еден облакодер од 282 метри се наоѓа бар.

5. Сингапур е една од трите држави на светот кои немаат главен град. Останатите се Монако и Ватикан.

6. Во земјата официјални се четири јазици: Англиски, мандарински тамилски и малајски.

7. Најголемата фонтана на светот се наоѓа во Сантек, а за неа се потрошени шест милиони долари.

8. „Сингапур“ се преведува како „Лавовски Град“. Она што е интересно е што тука воопшто нема лавови.

9. На Сингапурскиот универзитет многумина се развеселиле кога автомат машини на Кока-Кола бесплатно делеле лименки доколку некој ги прегрне.

10. Според едно британско истражување, овде луѓето одат најбрзо, просечно 6,15 километри на час.

11. Гумите за џвакање се забранети, но на странците им е дозволено внесување по максимум две пакувања. Повеќе од тоа, се смета за обид за шверц.

Спонзорирано: