17.8 C
Скопје
2. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

Маврово утрово минус 12 степени

Најстудено утрово е во Маврово со измерена минимална температура -12 степени. Утрово во поголем дел од Македонија температурите се под нулата, освен во Гевгелија, каде што се измерени три степени.
Во Лазарополе -11, Крушево -8, Пожаране -7, Дебар -6, Ѓуриште -5, Тополчани и Берово -4, Тетово, Охрид, Прилеп и Претор -3, Битола -2 и Штип, Виница, Демир Капија и Куманово -1 степен. Во Скопје, Струмица и во Дојран се измерени нула степени.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Дојран – четири литри на квадратен метар, а најмалку во Претор, Пожаране, Тополчани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Тетово и во Битола, само еден литар на квадратен метар.
Во Македонија утринава преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наместа има слаби провејувања на снег.