17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џонсон: Русија е антидемократска, превртлива и милитантна

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, кој се очекува да пристигне во посета на Москва во четвртокот, ја спореди Русија со Спарта.
Во интервју за весникот „Д сандеј тајмс“,  Џонсон направи историска аналогија меѓу Руската Федерација и Античка Спарта.
„Кога ја читав историјата за Пелопонеската војна, за мене беше очигледно дека Атина, со нејзината демократија, отвореност, култура и цивилизација, е аналогија на САД и Западот. Русија е за мене превртлива, спротивставена, милитантна и антидемократска, исто како и Спарта“, изјави Џонсон.
Првиот дипломат на Лондон требаше да ја посети Руската Федерација на 10 април оваа година, но во последен момент ја откажа посетата. Како причина, тој ги посочи настаните во Сирија кои, како што рече, радикално ја промениле ситуацијата.
Спонзорирано: