Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Заев од Брисел: Следната година ќе значи голем исчекор за сите држави од регионот

Премиерот Зоран Заев со совите колеги од земјите од Западен Балкан вечерва во Брисел присуствува на неформален состанок на покана на високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини.
Во врска со посетата на Брисел, на официјалниот фејсбук профил на премиерот е наведено дека на средбата било констатирано оти лидерите од регионот ја гледаат 2018 година како клучна за голем исчекор на сите држави од регионот во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ.
„Најважна новост за државите од Западен Балкан во 2017 година беше најавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на претседателот на Европската Комисија, Жан колод-Јункер. Токму Стратегијата и нејзините клучни одредници беа главна тема на дискусија“, наведено е на фејсбук профилот на македонскиот премиер.
Во рамки на објавата се нагласува и дека сите држави од Западен Балкан треба да гледаат на оваа Стратегија како на јасен сигнал кон нив за нивната европска перспектива и дека секоја од државите од Западен Балкан треба да напредува на патот кон ЕУ врз основа на напредокот кој го покажува во реформите во клучните области.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе