12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во наредните 20 дена МОН ќе прифаќа совети за новиот предлог-закон за високо образование

Министерството за образование и наука (МОН) преку јавно соопштение ги повикува сите засегнати страни до 6 јануари 2018 година да дадат коментари и предлози по предложениот текст на Законот за високо образование.
Како што стои во соопштението, нацртот на новиот закон е подготвен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР).
Коментарите и предлозите за натамошно подобрување на нацрт-верзијата на Законот за високото образование се добредојдени и истите може да се достават во наредните 20 дена на електронската пошта zvo@mon.gov.mk или до архивата на МОН (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).
„Имајќи ја предвид значајноста на Законот за високото образование, а притоа водејќи се од принципите на транспарентност и инклузивност, Министерството за образование и наука спроведува јавна консултација околу нацртот на новиот Закон за високо образование“, наведуваат од МОН.
Спонзорирано: