33.8 C
Скопје
1. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Царинската управа запленила стока во вредност од 4,6 милиони денари

Царинската управа во текот на изминатите три седмици открила повеќе обиди за шверцување разна стока, при што привремено задржала облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алкотест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати.
„50 штеки цигари и 6.600 запалки откриени во два одвоени случаја при контрола на две возила со македонски регистарски таблички пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. 905 готови текстилни производи (комплети тренирки, дресови и фармерки), со ознаки на заштитени трговски марки, се откриени при контрола на македонски камион натоварен со стока со потекло од Турција. Освен ова, запленети се 109 чанти, 152 торби, 196 капи и 67 пара очила, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската филијала во Гевгелија, при контрола на стока по потекло од Бугарија. Пазарната вредност на производите е проценета на 4,6 милиони денари доколку би се продавале како оригинали“, информираат од Царинската управа и додаваат дека против неколку лица се поведени прекршочни постапки.
Облека, обувки и модни додатоци со вкупна вредност од над 11 илјади евра се откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“ при контрола на патни торби на македонска државјанка. Освен ова, запленети се и кафемати, но и 4 мобилни телефони.