20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца украински војници загинаа во борби со проруските сепаратисти

Тројца украински војници загинале од минофрлачки оган во обновениот воен конфликт со проруските сепаратисти во Источна Украина.
Војниците загинале во неделата навечер во близина на местото Зацев, педесетина километри североисточно од сепаратистичкото упориште во Донецк, изјавил портпаролот на украинските вооружени сили, Олександер Мотузјаник.
Како уште еден знак за најновите растечки тензии се толкува и тоа што Русија најави повлекување на своите офицери од Координативниот центар во воената зона. Улогата на тој центар беше да помогне да се одржи примирјето.
Москва повлекувањето го оправдува со промената на правилата од украинска страна за преминување на границата меѓу Русија и Украина. Имено, од први јануари патниците ќе мора претходно да ги достават своите лични податоци до украинските власти, вклучувајќи и професија и работно место, што Кремљ го оценува како „неприфатливо за рускиот воен персонал“.
Поради најновите тензии, украинското Министерство за одбрана предупреди на можноста за сепаратистички напади против украинските позиции.
Во Украина од април 2014 година трае вооружениот конфликт меѓу владините сили и проруските сепаратисти, во кој досега загинаа повеќе од 10.000 лица.
Спонзорирано: