Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Сијарто: Ја поддржуваме Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја ги поддржува интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, кои се важни за безбедноста и развојот на Македонија, но и на целиот Западен Балкан.
Изјавата е во рамките на средбата со претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, соопшти владината прес-служба.
Претседателот на Владата изрази очекување дека следната година ќе биде значајна за Македонија во евроинтеграциите преку добивање датум за преговори, како и покана за НАТО.
„Евро-атлантските интеграции за граѓаните на Македонија значат безбедност и сигурност, но и отвораат економски перспективи. Во таа насока ја поздравувам поддршката на Република Унгарија во име на Владата и граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.
На средбата, освен поддршка за интеграциите, се разговараше и за унапредување на економската соработка помеѓу двете држави преку инвестиции во енергетиката, животната средина, банкарството.  Се разговараше за важноста на градење на европските коридори, што ќе значи подобра инфраструктура, но и олеснето движење, значајно за трговските односи, како и за важноста од железничко поврзување на регионот.
Сијарто оцени дека контактите на политичко ниво помеѓу двете држави придонесуваат за интерес на унгарските компании за инвестирање во Македонија.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Оддржана констутивна седница на НАТТА

По одлуката на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за основање, се одржа конститутивна седница на која се формираше Националната асоцијација на туроператори и туристички агенции на Република… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе