Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Шилегов ги сослуша идеите на граѓаните како да се намали загадувањето

Да се набават електрични автобуси и да се реорганизира јавниот превоз, да се воведе тарифа за луксуз при регистрација на второ возило, да се забрани употребата на јаглен за затоплување на домаќинствата, да се засилат контролите на погоните за преработка на пластика и работилниците што горат отпадни масла. Итно да се почне со гасификација на градот, да се забрани палењето огнови на отворено, а на улиците да се постават светилки што апсорбираат СО2. Ова беа само дел од решенијата што ги предложија граѓаните на денешната средба со градоначалникот Петре Шилегов за намалување на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.
Граѓаните, кои во голем број дојдоа на оваа средба и ги понудија своите одржливи идеи, сознанија и искуства за надминување на проблемот со аерозагадувањето, своите предлози до Градот Скопје ќе ги достават и писмено.
„Им благодарам на сите граѓани кои денеска во голем број дојдоа да ги споделат своите идеи, зашто сите сме дел од овој проблем и сите треба да бидеме дел од решението. Целта на оваа средба е да се обидеме да ја канализираме општата загриженост кај сите нас за проблемот со загадувањето на воздухот и заштитата на животната средина. Ќе ги разгледаме сите идеи што денеска ќе ги слушнеме и ќе ги утврдиме можностите тие да се спроведат на дело. Јас како градоначалник на Градот Скопје веќе иницирав засилени инспекции на депонијата ‘Дрисла’, побарав да се изработи нов концепт за јавниот градски превоз што би ја вклучил и постојната железничка мрежа, а во градскиот буџет е планирано и субвенционирање од 100 милиони денари на ЈСП при набавка на зглобни електрични автобуси. За наредната година граѓаните ќе добијат 10 милиони денари субвенции при набавка на инвертери за затоплување и обука за оџачари. Ова се само дел од мерките што ги предлагаме, работиме на многу други среднорочни и долгорочни мерки за борба против загадувањето. Од буџетот на Град Скопје за 2018 година ќе се издвојат 141 милион денари за заштита на животната средина, што е трипати повеќе од лани“, рече градоначалникот Петре Шилегов на средбата со граѓаните.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход,… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе