12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се оженил со девојката, отишле на „меден месец“, а потоа толку се преплашил што веднаш ставил крај на бракот

Еден маж толку се преплашил што одлучил веднаш да се разведе од сопругата со која штотуку се венчале… Мажот од Саудиска Арабија се развел после само 2 дена од својата жена, и тоа после серија инциденти кои го увериле дека неговата сопруга и целиот брак се „баксуз“.
Тие се венчале и отишле на меден месец на Црвеното море и веќе првата вечер се случил „инцидент“. Излегле на вечера во локален ресторан, а келнерот кој ги служел паднал момент откако таа забележала на кој начин оди.
Кога се вратиле во својот апартман, таа отишла до огледалото, зела шишенце парфем и рекла дека е прекрасен. Само што го кажала тоа, парфемот паднал на под и се скршил.
Бидејќи овие два инциденти биле само последни во низата слични, мажот одлучил да ја врати невестата кај нејзините родители.
– Не сакал ниту да ја разлути невестата, верувал дека може да го повреди само со поглед, пишуваат весниците.
Спонзорирано: