12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претседателот на Чешка го поддржа Трамп за Ерусалим

Претседателот на Чешка, Милош Земан, изјави дека ќе ја повика новата влада на премиерот Андреј Бабиш да ја пресели Амбасадата на Чешка од Тел Авив во Ерусалим.
Неговата намера е да го промени кукавичкото однесување на Европската Унија, која, како што рече, прави сè за да го поддржи пропалестинското движење на штета на произраелското.
„Потребно ни е светло во темнината, потребен е чин, а не само зборови. Префрлањето на амбасадите на демократските држави од Тел Авив во Ерусалим може да биде таков чин. Можам да ве уверам дека ќе ја повикам новата чешка влада да го стори тоа“, рече Земан.
Додека новиот чешки премиер Андреј Бабиш и Земан се согласуваат дека Чешка не смее да попушти пред притисоците на Брисел и да прифати главно муслимански бегалци од Блискиот Исток, премиерот Бабуш одлучно го одби предлогот на Трамп да ја премести чешката амбасада во Ерусалим.
Бабиш ја осуди најавата на Трамп и рече дека на Блискиот Исток треба да се работи на тоа да има мир, а не да се додава масло на огнот и зголемување бројот на мртви.
Спонзорирано: