Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Новини во спорот со името дури по празниците, вели Димитров

Преговорите за спорот за името ќе продолжат по новогодишните и божикните празници, а во меѓувреме не се очекуваат било какви случувања, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

– Договорена е следната средба да биде по празниците во јануари, така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците. Поставена е сцената, процесот е почнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо ново да се случи додека траат празниците – рече Димитров на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

Во однос на изјавата на бугарската потпретседателка, Илијана Јотова дека 70.000 Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари, Димитров рече дека ја нема видено, но рече дека тоа дополнително укажува на потребата за што поскора интеграција во ЕУ.

– Вистинското решение како да се справиме со тоа што наши државјани аплицираат за пасоши на други земји, на земји-членки е да ја зголемиме атрактивноста на македонскиот пасош. Вистински долгорочно решение како да се соочиме со овој предизвик е пасошот на Република Македонија да стане пасош на земја-членка на ЕУ. И затоа е многу важно да направиме се што можеме да ја искористиме шансата што се црта полека за 2018 година – рече министерот Димитров./Извор: Мета.мк

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе