10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Неповратна финансиска помош од Кина од 2,5 милиона евра

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и амбасадорот на Народна Република Кина, Јин Ликсијан, потпишаа договор за економска и техничка соработка за обезбедување грант-помош со кој се обезбедуваат неповратни финансиски средства од кинеската влада за поддршка на проекти во земјата во износ од 2,5 милиона евра.
„Преку оваа соработка не само што се поддржуваат развојните цели на нашата држава туку се унапредува и севкупната соработка помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина, што е важен сегмент од развојот на нашите меѓусебни односи“, изјави Османи при потпишувањето на договорот со амбасадорката на НР Кина, Јин Ликсијан.
Во изминатите години проектната соработка со НР Кина беше насочена кон неколку приоритетни области: образование, здравство, мрежно поврзување, а најголем дел од финансираните проекти беше во образовниот сектор. Вицепремиерот Османи посочи дека во согласност со минатите договори во тек на реализација се два проекта, и тоа: изградба на спортска сала при основното училиште „Рајко Жинзифов“, како и проект за техничка поддршка во образованието, односно воведување електронско образование. „Комплетирањето на овие два проекта се очекува до средина на наредната година за потоа да може да започнеме со спроведување нови проекти финансирани во рамките на договорот што денес ќе го потпишеме“, изјави Османи.
Спонзорирано: