23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Навални: Можам да го победам Путин на фер избори

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, е убеден дека на фер избори би можел да го победи актуелниот руски претседател, Владимир Путин.
Во едно скорешно интервју, Навални истакна дека не може да победи се додека Кремљ контролира што се емитува на телевизија, од каде што повеќето Руси добиваат информации за актуелната политичка состојба.
На Навални не му беше дозволено да учествува на претседателските избори во Русија во март бидејќи во два наврати беше осуден поради политички демонстрации.
Рускиот опозиционер тврди дека Кремљ по секоја цена сака да ја заобиколки неговата кандидатура, бидејќи верува дека би имал големо влијание врз изборите.
Според најновите анкети спроведени од центарот „Левада“ објавени неделава, дури 75 отсто од испитниците рекле дека ќе гласаат за Путин.
Спонзорирано: