7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иванов – Сијарто: Унгарија силно ја поддржува Македонија на патот кон заслуженото членство во НАТО и ЕУ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што информираат од кабинетот на македонскиот претседател, на средбата било изразено задоволство од севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Унгарија кои ги карактеризираат искрено пријателство, заемно разбирање и почит, како и надеж дека во наредниот период ќе се продлабочи започнатата активна соработка, особено во сферата на економијата и трговската размена.
„Залагањето, соработката и солидарноста која Унгарија ги рефлектира во однос на нашите аспирации кон НАТО и во ЕУ се пример како треба да изгледа односот на земјите членки кон земјите кандидати. Унгарија е една од најзначајните партнери и пријатели на Република Македонија и тој однос треба да се негува и да продолжи во иднина“, истакнал претседателот Иванов.
Во тој контекст, министерот Сијарто ја нагласил неопходноста од динамизирање на евро-атлантските процеси на Република Македонија и ја повторил силната унгарска поддршка за Република Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и да ги почне пристапните преговори со ЕУ час поскоро.
Претседателот Иванов ја истакнал и конструктивната улога која Унгарија ја има во менаџирањето на бегалската и мигрантската криза, преку нејзината соработка и помош изразена во полициски сили и опрема со цел поефикасна заштита на нашата јужна граница.
Спонзорирано: