Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Иванов ќе се обрати во Собранието на 26 декември

Претседателот на државата Ѓорге Иванов идниот вторник (26 декември) напладне ќе им се обрати на пратениците во Собранието.

Тоа е редовното годишно обраќање на претседателот на државата пред законодавниот дом, предвидено со Уставот на државата.

„Во согласност со член 85 став 1 од Уставот на Република Македонија би сакал да се обратам пред пратениците на Република Македонија и да ги известам за одредени прашања од мојата надлежност. Ве молам тоа да ми се овозможи на 26 декември 2017 година (вторник), во 12 часот“, стои во барањето од Иванов испратено до претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според членот 85 од Уставот, „претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност“./Извор: Мета.мк

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Неограничени разговори и повеќе интернет со новата промотивна понуда од МТЕЛ

Уживајте опуштено во долги телефонски разговори или во повеќе интернет со новата промотивна понуда на дополнителни припејд тарифи од МТЕЛ. Изберете помеѓу xtraTALK M со вклучени неограничени минути и СМС… Повеќе

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во… Повеќе