10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Груевски му се пожалил на Сијарто дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се цел на политички прогон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членот на извршниот комитет на партијата, Владимир Ѓорчев, денеска оствариле средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто.
Како што информираат од центарот за комуникации на партијата, на средбата било истакнато дека ВМРО-ДПМНЕ како партија го поддржува зачленувањето во НАТО и ЕУ и дека била подготвена да учествува во реформскиот процес сè до моментот кога владата на СДСМ ги поминала сите линии со почнувањето на политичкиот прогон што, како што било нагласено, почнал по доаѓањето на новата власт, а кој кулуминирал со притвор на 6 пратеници за непостоечко дело тероризам.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, посочил дека во Република Македонија се загрозени основните слободи и права и дека ВМРО-ДПМНЕ, повеќе нејзини членови, како и истакнати општествени личности кои не се истомисленици со актуелната влада се цел на жесток политички притисок и прогон.
Дополнително било истакнато дека судството е уценето и СЈО, а веќе и ОЈО функционираат како политички инструмент притоа целосно заобиколувајќи ги правните нормативи.
На средбата се разговарало за повеќе актуелни состојби поврзани со теми од општественото и политичко живеење, а била изречена и поддршка за остварувањето на стратешките интереси на Република Македонија.
Груевски изразил загриженост за европската мигрантска криза и ја посочил потребата од будно следење на состојбата, притоа изразувајќи благодарност за поддршката на Унгарија во остварувањето на стратешките интереси на Република Македонија.
Спонзорирано: