22.8 C
Скопје
25. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Го отворила фрижидерот и доживеала вистинскo изненадување (видео)

Една жена се шокирала кога открила змија во фрижидерот.

Експерт за змии бил повикан во домот на жената во Алис Спрингс, Австралија.

– Мислев дека змијата ќе биде зад фрижидерот, или под него, таму обично ги наоѓаме… но жената викаше „Не, во фрижидерот е!“, рекла Сара Грахам, експерт за змии.

Змијата отровница била пронајдена во одделот за јајца. Поради студот змијата имала малку енергија па била лесно фатена.

Како влегла змијата во фрижидерот се уште е мистерија.