Новата австриска влада, што ја сочинуваат Народната партија и Слободарската партија, на чело со Себастијан Курц (31), положи заклетва, со што тој стана најмладиот канцелар во Австрија и светот.
Полагањето заклетва пред австрискиот претседател Ван дер Бален се одвиваше паралелно со многубројните протести во Виена, од кои еден беше оддржан и пред неговата канцеларија.
Преговорите за новата влада предизвикаа голема бура во Австрија во последните неколку месеци имајќи предвид дека во владата е вклучена австриската крајна десница позната по екстремните ставови.
Учесниците на демонстрациите извикуваа против десничарската ФПО и предупредуваа дека со оваа влада ќе се врати фашизмот во Австрија.
Полицијата поради протестите воведе зона на забранет пристап околу владината зграда во центарот во Виена, обезбедена од 1.500 полицајци.