3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АМСМ апелира за внимателно возење по влажните коловози

Сообраќајот низ Македонија се одвива тековно, по влажни коловози, а во западнитот дел на државата наместа со остатоци од кашест снег, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Според информациите оттаму, снег со слаб интензитет врне кај Крива Паланка, Стража, Маврово и Дебар.
На одредени патни правци кои минуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони. Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Од АМСМ информираат дека дежурни екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.