Во база на американското воено воздухопловство во Англија денес дошло до значаен инцидент, информираат безбедносните служби.
Англиската полиција потврдила дека имало вонредна состојба во базата на американските воздухопловни сили „Милденхол“ во Сафолк.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана изјавил дека еден човек во автомобил се обидел насилно да влезе во базата.
Според првичните информации, полицијата го уапсила човекот што наводно управувал со автомобилот, а целата база веднаш била превентивно затворена.
Полицијата во Сафолк побарала од локалните жители да не се приближуваат до американската база.