9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Вреди да одвоите минута: Приказна за момчето кое имало лоша навика!

Си било едно момче кое имало лош карактер. Татко му му дал вреќа полна клинци и му рекол секогаш кога ќе збесни и ја изгуби контролата врз себе, да закова еден клинец во оградата.

Првиот ден момчето заковало 37, и секој ден се помалку и помалку клинци.

Во текот на следните неколку месеци тоа научило да го контролира својот бес и бројот на заковани клинци се смалувал. Открило дека е полесно да го контролира својот карактер отколку да кова клинци во оградата. Најпосле осамнал денот кога момчето не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишло кај татко му и му кажало дека тој ден не побеснало.

Тогаш татко му му рекол :

– Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување, извади еден клинец од оградата .

Деновите проаѓале и еден ден момчето му кажало на татка си дека ги извадило сите клинци од оградата. Таткото го зел синот за рака и го одвел до оградата.

Тогаш му рекол:

– Добро си направил сине мој, но погледни ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата. Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат. Вербалната рана исто толку боли како и физичката 

Спонзорирано: