9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Она што го пронашле во гаражата на починатиот вујко ги направило многу богати!

Повеќето од нас сонуваат дека еден ден, некој далечен роднина баш нас ќе ни остави некое големо богатство.

Меѓутоа, 2009 година тој сон се остварил за едно англиско семејство. После смртта на ексцентричниот вујко, доктор Харолд Кар, неговите внуци биле шокирани кога сфатиле дека тие се наследници на неговото богатство. Меѓутоа, богатството не се наоѓало во банка… било скриено во гаража.

Тој им оставил богатство во класика, 1937 Bugati Type 57S Atalanta. Направени се вкупно 43 вакви автомобили.

Додека стареел, нивниот вујко развил љубов кон стари автомобили. Тоа го навело да го стави под клуч овој редок примерок, заедно со уште неколку скапоцени автомобили.

Автомобилот вредел навистина огромно богатство. Кога бил поставен на аукција 2009 година, бил продаден за 4.4 милиони долари.