15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Народни верувања: Што ќе ви се случи ако свиркате по дома или ако ве премине црна мачка?

Црна мачка ви го пресекува патот, отварате чадор во домот… Што значи сето тоа…

Црна мачка

Велат дека кога црна мачка ќе ти го пресече патот носи голема несреќа. За таа несреќа да се избегне треба, да се вратите назад и вашето патување да го продолжите по друг пат. Некои пак велат дека треба да плукнете три пати.

Низ минатото црните мачки биле убивани токму поради овие суеверија.

Отворање чадор во домот

Несреќата, наводно, станува поголема ако овој чин се направи во ноќта, но зошто… не се знае. За ова воопшто и не се коментира. Табу тема.

Чукање во дрво

Во дрво се чука затоа што, според верувањето, ако не се чукне злото може да ја слушне приказната и да ја расипе и уништи. Се чука во дрво и кога се зборува за нешто што се очекува да се случи и потајно се надеваме на тоа, па ако не чукнеме веруваме дека нема да се случи. Чукањето во дрво е пагански обичај за луѓето да им се приближат на демоните во куќата со цел да не ги вознемируваат и така им се давало до знаење на демоните дека луѓето можат да сметaат на нивната добрина.

Свртување на лебот наопаку

Ова суеверие може тесно да се поврзе со религијата, што претставува парадокс, затоа што лебот го отсликува телото на Исус. Како последица „може да се појават“: несреќа во парите, појавување на брадавица на раката со која е свртен лебот, а доколку лебот не се врати назад се претпоставува дека целиот ден ќе ви биде наопаку.

Седење на аголот од масата за време на јадење

Според верувањата, оној кој седи на аголот од масата нема да се ожени/омажи.

Свиркање во домот

Во моментот кога свиркате во домот ги повикувате глувците да дојдат во вашиот дом, а доколку се веќе присутни со свиркањето ги мотивирате да се парат.

Црвен конец околу раката

Црвен конец околу раката се носи против урок и магија. Обично се става на малите деца. Посебно на децата кои се уште не се крстени кои се поподложни на уроци и зли дела.

Фрлање отпадок во ноќта

Некои луѓе избегнуваат да го фрлаат ѓубрето во ноќните часови, иако правилата и законите во повеќето држави го налагаат тоа да се прави токму навечер. Непридржувањето кон ова суеверие може да ве навлече на мал баксуз кој нема да трае долго.

Конец на облеката

Ако на одредено парче облека најдете црн конец, на вас мисли русокоса девојка/момче. А ако тоа биде пак бел конец, на вас мисли црно момче/девојка.

Чешкање на дланката

Ако ве чеша десната рака се верува дека ќе излезат пари од вашиот дом. А ако ве чеша левата рака, тоа значи дека ќе добиете пари.

Спонзорирано: