9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Како во шпанска серија: Ќерка на слугинка наследила три милиони евра од татко и`

Приказните во кои ќерка на слугинка наследува милиони досега можеа да се слушнат само во латиноамериканските сапуници. Меѓутоа, тоа се случува и во „вистинскиот живот“.
Марија дел Кармен Гордо (69) ќе наследи три милиони евра, откако ДНК анализата докажала дека таа е вонбрачна ќерка на богатиот земјопоседник Антониј Алварес Вилјалон.
На Марија и` требале дури 30 години да дојде до вистината, иако Гордо од секогаш знаела дека е негова ќерка. Мајката на Марија работела како слугинка за Алварес уште во четириесетите години од минатиот век, и тогаш одржувала врска со богатиот бизнисмен кој бил 25 години постар од неа.
– Кога било откриено дека е бремена, моментално добила отказ. Во тоа време тоа би бил невиден скандал, објаснува Фернандо Осун, адвокат на Марија Гордо, кој потврдил дека Марија сега има право на дел од богатството.
Спонзорирано: