12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Без електрична енергија утре по неколку часа ќе бидат дел од жители на Ѓорче Петров, Карпош и Центар поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.
Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, поточно од бр. 98 до бр. 114 во Карпош, и од 10:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на „Максим Горки“ и „Наум Наумовски – Борче“ во Центар.
Во вторник (19 декември) од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мирче Оровчанец“ во Центар, од 9:00 до 14:30 часот дел од корисниците од село „Сарај“ и од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците на улиците „Прашка“ и „Париска“ во скопски Карпош.
Спонзорирано: